За нас


MetalArt - Тетово е претпријатие за производство, проектирање и изведба на широк спектар на метална галантерија. Постоиме од 1999 година и секојдневно го зголемуваме и пршируваме нашиот асортиман и обем на работа раководејќи се од барањата и потребите на потрошувачите.

Претпријатието брои 25 вработени: инженери, техничари и ВКВ мајстори со големо искуство, кои успешно ги реализираат работните задачи. Главна дејност на нашето претпријатие е изработка на сталажи, опрема за маркети, метални полици, рафтови, држачи за разни производи, кафези и друг вид на метална галантерија

Нашите производите се со доста висок квалитет, изработени од висококвалитетно железо и заштитени со специјална електростатска пластика. При изработката на нашите производи користиме модерна технологија која ги прави нашите производи препознатливи по својот квалитет.

Доказ за успешната работа е долгогодишната соработка со повеќе реномирани фирми како што се: WRIGLEY, NESTLE, COCA-COLA, COLGATE, HIPP и други.